Најмалку 9 жртви во две експлозии во Турција
11.08.2016 11:21
Цел на нападот биле полицајците стационирани во близина на болницата.

Девет луѓе загинаа, а десетици се повредени во две експлозии на бомби во југоисточна Турција. Во центарот на Дијарбекир експлодира автомобил- бомба при што загинаа пет лица, а 13 се повредени.
Цел на нападот биле полицајците стационирани во близина на болницата.
Според турските безбедносни служби, двата напада биле изведени од припадници на Курдската работничка партија и дека биле координирани.
