Тактичко оперативниот центар на АРМ ги координира сите активности во поплавените подрачја
Во содејство на Воената полиција и МВР се регулира сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.
Од вчера во функција е ставен Тактичко оперативниот центар (ТОЦ) на АРМ, кој воедно е координативен центар за сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал во санирањето на последиците од поплавите.
Во содејство на Воената полиција и МВР се регулира сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.
Од АРМ информираат дека во текот на вечерта на граничниот премин Блаце пристигнал конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде што се потребни.
