Се расчистува теренот во поплавените подрачја, сета расположлива механизација е низ улиците
Во поплавените подрачја во скопскиот регион е воспоставен посебен сообраќаен режим, за да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите...

Надојдената вода се вади од домовите, домаќинствата етапно добиваат струја. Багери, пумпи за испумпување, цистерни, камиони- сета расположлива механизација е низ улиците на најзагрозените подрачја во скопскиот регион.
Армијата формираше оперативен штаб во Стајковци за поефикасна распределба на активностите за санација. И КФОР се вклучува во помошта за санирање на штетите со 8 инженериски машини.
Во поплавените подрачја во скопскиот регион е воспоставен посебен сообраќаен режим, за да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите, како и за непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите.
