Шумски пожари беснеат во Јужна Франција
11.08.2016 12:00
Опожарени се дваесетина куќи, а стотици жители се евакуирани. Во гаснењето учествуваат 1.100 пожарникари, шест авиони за гаснење и еден хеликоптер.
Две лица се повредени, а над 2.000 хектари земјиште се опожарени во големите шумски пожари, што ја зафатија Јужна Франција во близина на Марсеј.
Опожарени се дваесетина куќи, а стотици жители се евакуирани. Во гаснењето учествуваат 1.100 пожарникари, шест авиони за гаснење и еден хеликоптер.
Пожарот почнал вчера попладне околу малото гратче Ронјак и брзо се проширил до сувата вегетација на низината Арбоа.
