До осигурителните компании досега пријавени 500 штети од саботното невреме

11.08.2016 12:40

Досега се пријавени 500-ни штети од саботното невреме, велат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Од интерес на осигурениците е брза процена и навремена исплата на средствата...

Околу 500 барања за обесштетување биле доставени до осигурителните компании од поплавените. 440 се однесуваат на штета на имот, 28 се каско осигурување. 109 штети се пријавени од фирми. Само една од нив има побарување од речиси 150 илјади евра. Првиот супервизор на осигурувањата, Климе Попоски вели дека сега е најбитно на осигурениците да им се исплатат штетите.

Иако е забележан пораст на полиси за осигурување, сепак тие најчесто се однесуваат за осигурување на имотот од пожар, кражба, поплава од пукнати цевки. Во земјоделието најосигурувани се јаболките, грозјето и житните растенија. Но, полиси за осгирување од природни катастрофи како земјотреси, поплави или суши се малубројни. Ова, вели Попоски е пред сѐ поради ниската свесност кај нашиот човек за ризиците од климатските промени.

Побарувањата од поплавените ќе бидат значаен финасниски удар за осигутелните друштва, но тие се квалитетно реосигурани. Попоски посочи дека осигуретлните компании ѝ ги нудат своите проценители на државата при масовните проценки на штети, а се вклулчуваат и во донирање финансиска помош за населението погодонео од невремето.

 

Фиљана Кока