Легализацијата продолжена до 2015-та

30.01.2014 12:11

Нова погодност за граѓаните кои сеуште ги немаат легализирано своите објекти...

Нова погодност за граѓаните кои сеуште ги немаат легализирано своите објекти. Владата на последната седница ги прифатила измените во законот за градежништво и ги испратила на собраниско усвојување. 
 
Рокот за поднесување на геодетските елаборати се продолжува до 31 декември 2015 година. Ова затоа што со стариот рок, ниту граѓаните ниту геодетските фирми не можеле во целост да ја завршат работата информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. 
 
Втората измена се однесува на легализацијата на терасите во зградите и терасите кои се пренаменети во стамбен простор. 
 
Сите граѓани кои изградиле тераса или ја пренамениле до 3-ти март 2011 година ќе можат да ги легализираат за едно евро од квадратен метар.
 
Третата измена се однесува на легализацијата на подземната инфраструктура. Инаку за три години 350.000 граѓани поднеле барања за легализација на своите домови. Досега легализирани се 90.000 објекти.