Пензионерите со помош за погодените од невремето

11.08.2016 13:54

Се донираат парични средства според можностите, особено за повозрасните настрадани жители...

Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија сочувствува со настраданите од поплавата што ги зафати скопскиот и тетовскиот регион. Се донираат парични средства според можностите, особено за повозрасните настрадани жители.

Сојузот и неговите 53 здруженија на пензионери донираат парични средства во границата на своите можности, особено за повозрасните настрадани жители, а се вклучија и директно да помогнат, соопштија од Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.