Ердоган со ултиматум до САД: Или Турција или Ѓулен

11.08.2016 14:29

Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во егзил во државата Пенсилванија, но Вашингтон за да се согласи на екстрадиција бара докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.

Турскиот претседател Ердоган им постави ултиматум на САД да изберат меѓу Турција и исламскиот проповедник Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар во земјата на 15-ти јули.

„Порано или подоцна Америка ќе мора да избере. Или ќе се реши за пучистичката терористичка организација на Фетулах Ѓулен или за демократската држава Турција. Таа е должна да го направи тој избор“, изјави Ердоган.

Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во егзил во државата Пенсилванија, но Вашингтон за да се согласи на екстрадиција бара докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.

Ѓулен негира секаква поврзаност со организаторите на пучот.