Доброволци од цела Македонија му помагаат на настраданото население

11.08.2016 15:10

Волонтери од цела Македонија пристигнуваат во скопско, во местата кои настрадаа од невремето. Некои доаѓаат сами, други се организираат во групи, но сите велат дека имаат заедничка цел – да му помогнат на локалното население и да ја поттикнат солидарноста меѓу луѓето...

„Слушнав бучи нешто силно, излегов на тераса, кога видов... мислите Дојранско Езеро доаѓа“- вака 69 годишниот Војо Маневски го опишува саботниот хоророт. Неговата куќа е поплавена, му помагаат доброволци од цела Македонија.

„Парите ги кријат во куќа, јас во гаража- го нема чекмеџето, а имав 5.000 евра кои ги чував за свадба на ќерка ми“- вели Маневски низ солзи.

И стари и млади со лопати в рака ја острануваат калта, ги чистат дворовите и подрумите на граѓаните кои настрадаа во поплавата. Илија Стојановски пристигнал од Охрид.

„Телевизијата не може да го долови оној момент овде што може да се види“, вели Илија Стојановски, волонтер Охрид.

„Прво помагавме со финансии, со носење пакети помош, па денеска се одлучивме да дојдеме овде лично“, додава Ѓорѓи Бошалевски, волонтер од Охрид.  

Еден од доброволците е и четиринаесет годишниот Кирил Лазаров. Вели работата е тешка, но мора да се помогне.

„Дојдовме да помогнеме тука, од Долно Лисиче сме“, вели Кирил Лазаров.

„Планираме секој ден на доаѓаме барем додека не се среди состојбата, да им помогнеме на овие луѓе“, додава Бобан Блажевски.

Помагаат и доброволcи од Кавадарци.

„Секој ден доаѓаме по 30 до 40 луѓе, а имаме обезбедено и автоцистерна“, вели еден волонтер од Кавадараци.

Се работи со багери, пумпи за испумпување, цистерни, камиони.

Тажна е глетката во поплавените подрачја и по неколку дена од по големото невреме. Волонтерите велат дека се потребни уште многу доброволци кои ќе помогнат да се расчисти теренот.

На терен се и екипите на „ЕВН Македонија“. Помош пристигнува од сите страни, од општини, хумани граѓани, компании, организации. Здружението за заштита на авторски музички права донесе одлика да донира 500 илјади денари во Црвениот Крст.

 

Дијана Ценевска