ДИК: Досега пријавени 4.038 граѓани со спорни записи

11.08.2016 15:20

Од нив, 1.785 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.253 за пријавување ја искористиле веб - апликацијата ...

Заклучно до денеска напладне до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 4.038 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 1.785 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.253 за пријавување ја искористиле веб - апликацијата на интернет страницата на ДИК.