Ракомет

Можеме против Савехоф и Турингер, ама потешко со Вардарки

30.01.2014 12:15

Митјланд е тим кој со Вардар се ценат како фаворити во ¼ финалниот дел во групата 1 во вториот сегмент во клупската ракометна Шампионска Лига...

Митјланд е тим кој со Вардар се ценат како фаворити во ¼ финалниот дел во групата 1 во вториот сегмент во клупската ракометна Шампионска Лига.
 
Митјланд заврши како прв во прелиминарниот дел оставајќи го зад себе како втор тимот на Будуќност, победникот во елитата 2012-тата.
 
Кај данските шампионки оптимизмот е голем во поглед на Турингер и Савехоф, но крајно внимателно и со респект се гледа кон соочувањето со македонските првенки, Вардар СЦБТ.
 
Левиот бек Тине Тролсен ја потенцира сигурноста за имање на потребниот капацитет да се победат швеѓанките и германките, но нагласува дека сепак тоа се тимови кои се дел од завршната 8-ка, што значи дека ќе треба сепак да се внимава.
 
Од друга страна, 28-годишната ракометарка ќе додаде дека сериозниот конкурент го гледаат во Вардарки: ”Вардар има неверојатно силен тим со исклучителни играчи, доколку сме поштедени од повреди мислам дека сме способни да победиме секого.“
 
Сака и верува дека може да се најдат во завршната 4-ка, со што на убав начин би го заокружила настапот во Митјеланд. Тролсен ќе додаде дека од голема важност ќе биде да се направи стартна победа во скандинавското соочување до Савехоф задутре.
 
Во моментов Митјланд неможе да смета на плејмејкерката Лара Мулер која сеуште се рехабилитира по есенската операција на коленото. Се надеваат дека ќе може да ја имаат на располагање германската голманка Сабине Енглерд која веќе ја надмина повредата, додека Нуке Грут исто така се опорави од повредата на лактот која ја заработи пред нова година.
 
Нашите девојки пак, своето продолжение на историскит шампионски од, ќе го имаат в недела во арената Борис Трајковски против десеткуваниот Турингер, додека соочувањето со Митјланд ќе се случи во тртото коло на 15 фебруари.