На државните универзитети идната недела запишување студенти во учебната 2016/2017

12.08.2016 10:25

Најмногу слободни места, 10.535 има на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Надоместокот за редовните студенти е 200 евра, а за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

На државните универзитети идната недела почнува пријавувањето за прва година додипломски студии. Има 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места со кофинансирање и 3.493 слободни за вонредни студенти.

Најмногу слободни места, 10.535 има на  скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Надоместокот за редовните студенти е 200 евра, а за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок на УКИМ е на 18-ти и 19-ти август, вториот е на 5-ти септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15-ти септември, кога и почнува новата академска година.

На универзитетите во Битола и во Штип пријавувањето во првиот рок е на 15-ти, 16-ти и 17-ти август, а во Охрид на 15-ти и 16-ти август.