Вонредно прскање против комарци во поплавените подрачја
Како што соопштија од Град Скопје, денешното закажано прскање е одложено поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој ќе го попречува летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција.

Вонредното авионско прскање против возрасни форми на комарци во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре во периодот од 5 до 9 часот доколку времските услови го дозволат тоа.
Како што соопштија од Град Скопје, денешното закажано прскање е одложено поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој ќе го попречува летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција.
Од градот репорачуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
