Нови експлозии во тајланското летувалиште Хуа Хин

12.08.2016 10:37

Лидерот на тајландската воена хунта, генерал Прајут Чан-Оча ги осуди бомбашките напади за кои засега никој не презеде одговорност.

Во тајландското летувалиште Хуа Хин одекнаа две експлозии, од кои се повредени 4 лица, само неколку часови откако во други две експлозии во истиот град загина едно лице, а 21 е повредено.

Лидерот на тајландската воена хунта, генерал Прајут Чан-Оча ги осуди бомбашките напади за кои засега никој не презеде одговорност.

Претходно тајландската полиција објави список со странски државјани кои се повредени во претходните експлозии во Хуа Хин. Тие се префрлени во три болници во градот, а меѓу нив има државјани на Австрија, Велика Британија, Германија, Италија и Холандија.