Во недела собраниска седница за поплавите
12.08.2016 10:51
Се очекува владата да изготви информација со која ќе го извести собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците...

Првиот парламентарец Вељаноски, во договор со координаторите на пратеничките групи, за в недела закажа посебна собраниска седница за поплавите. До тогаш, се наведува во соопштението од неговиот кабинет, се очекува владата да изготви информација со која ќе го извести собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.
СДСМ достави предлог за одржување итна седница, на која се приклучи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија побараа ситуацијата да не се политизира, а заклучоците од седницата да бидат донесени со консензус.
