Владата донесе одлука- цените на одделни производи да се вратат на нивото пред поплавите
Од Министерството за економија информираат дека одлуката се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција.

Владата донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5-ти август годинава, односно пред поплавите.
Од Министерството за економија информираат дека одлуката се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција.
Од ресорот појаснуваат дека користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на овие производи.
Со одлуката не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно, стои во соопштението, а ќе се применува до 31-ви август 2016 година.
