Бразил: Уапсени две лица поврзани со ИД

12.08.2016 11:05

Уапсените се бразилци, но полицијата не го открива нивниот идентитет и не соопштува други детали.

Бразилската полиција синоќа уапси две лица за кои се претпоставува дека се приврзаници на Исламска држава и дека планирале напад за време на Олимписките игри.

Уапсените се бразилци, но полицијата не го открива нивниот идентитет и не соопштува други детали.

Пред вчерашната полициска операција, беа уапсени вкупно 12 лица, под сомнение за соработка со екстремисти на ИДИЛ.