Механизам за цивилна заштита: Процена на штети и совети од експертите на ЕУ

12.08.2016 11:11

Експертите од европскиот механизам за цивилна заштита, што беше активиран на барање на нашата земја, во посета на поплавените во Ченто. Ќе ѝ помогнат на владата за справување со последиците од невремето...

Во земјава тимот од експерти ангажиран преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија од областа на водовод и канализација за помош на надлежните институции работи на процена на загрозеноста на водата за пиење и канализацијата.

Покрај помош, експертите од ЕУ треба да дадат и предлог- мерки за надминување на констатираните пропусти. Тимот на странските експерти задолжен за процена на настанатите штети, треба да помогне и во процената на причината на настанување на штети и загубата на животи.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека тие, заедно со експертите, треба да ги увидат и да ги надминат пропустите кои биле направени од страна на домашните институции во превенцијата и справувањето со природни несреќи од овој обем.