Се расчистува теренот во населените места кои настрадаа во невремето

12.08.2016 11:28

Армијата координира од тактичко оперативниот центар. Владата донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско. За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра.

Багери, пумпи, цистерни, камиони, ова е сликата деновиве од населените места кои настрадаа во невремето. Од вчера и КФОР со тешка механизација помага во скопско Стајковци во расчистувањето на теренот.

Армијата координира од тактичко оперативниот центар. Владата донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско. За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра.

Тимовите за проценка се на терен и работат на утврдување на настанатата штета. Експертите од европскиот механизам за цивилна заштита, што беше активиран на барање на нашата земја, ќе и помагаат на владата за справување со последиците од невремето.