Никола Маџиров доби признание Европски поет за 2016 година
Маџировнаградата ја посвети на загинатите од поплавата во Македонија...

На поетот Никола Маџиров синоќа на свеченост во Кингс колеџ во Кембриџ, Велика Британија, му беше доделено признанието Европски поет за 2016 година за придонес во современата европска поезија.
Признанието, во вид на рачно изработена скулптура сребрен лист, му беше врачено на гала-вечера, во присуство на градоначалникот на Кембриџ, заменик-ректорот на Кингс колеџ, поети и уметници кои учествуваат на фестивалот „Шу Жимо поетри енд арт“ и други видни гости од универзитетскиот и книжевниот свет. Наградата му ја врачи Ален Мекферлејн, професор на Кингс колеџ.
Маџиров пред присутните гости читаше стихови на македонски и англиски јазик во превод на Пеги и Греам Рид, а наградата ја посвети на загинатите од поплавата во Македонија.
