МПЦ-ОА ќе формира солидарен фонд за поплавените

12.08.2016 12:18

Средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите од саботното невреме...

Македонската православна црква- Охридска архиепископија донесе одлука да формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува лично клирот на црквата, потоа храмовите и манастирите, како и епархиските центри. Средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите од саботното невреме.

Црковната кујна од храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, покрај секојдневното подготвување на оброци за сиромашните и социјално ранливите категории, ќе подготвува и оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот.