Тодоров: Раскинат договорот со Визарис

30.01.2014 12:56

Направена е ревизија на договорот, немало ништо незаконско, не е исплатен ниту денар на фирмата...

Раскинат договорот со Визарис, изјави министерот за здравство Никола Тодоров. Направена е ревизија на договорот, немало ништо незаконско, не е исплатен ниту денар на фирмата, но прекинат е договорот од морални причини. 

Тодоров на денешните пратенички прашања во Собранието уште еднаш изјави дека не знаел за префрлувањето на сопственоста на фирмата.