Целосно обесштетување на погодените од невремето
Владата усвои пакет мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите што го зафатија Скопскиот регион. Според вицепремиерот Тодоров, 8-те мерки се дел од заложбите на владата за побрзо и поефикасно нормализирање на состојбите, санација на штетите, но и помош и поддршка за настраданите граѓани...

Целосно ќе бидат обесштетени жителите чии домови, имот и стока беа уништи од поплавата. Владата усвои пакет со осум мерки. Според вицепремиерот Тодоров, мерките треба да придонесат кон враќање на секојдневниот живот во погодените места.
„Граѓаните погодени поплавите ќе бидат обесштетени во целост, односно се што комисијата за проценка ќе го евидентира за оштетено, истото 100 процентно ќе биде надоместено“, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.
До крајот на годинава, жителите од кризните региони ќе бидат ослободени од партиципација за сите здравствени услуги.
Домаќинствата три месеци нема да плаќаат вода и ѓубретарина.
Еднократна помош ќе има за децата од основните училишта за набавка на училиштен прибор.
Семејствата кои не ги легализирале куќите, бесплатно ќе им биде изработен елаборат.
Во наредните три месеци, за 50 проценти ќе бидат зголемени социјалнаa, постојаната парична помош и додатоците.
На земјоделците од поплавените подрачја им се ставаат на располагање 30 тони јачмен за сточна храна.
Андријана Атанасовска
