Почнаа преговорите за откуп на винско грозје

15.08.2016 10:10

Лозарите и винарите почнаа да се договараат за откупот на винското грозје. Родот годинава е подобар од лани, но цената е се уште недефинирана...

На скоро еден месец пред почетокот на откупот на винското грозје, лозарите и винарите го почнаа договорањето за откупните цени.

Лозарите бараат цените да останат на ланското ниво, односно 11 за смедеревката и 13 денари за килограм вранец.

Но, според винските визби, пак, залихи има од минатата година и цената би требало да биде пониска за еден денар.

Од оваа откупна сезона според измените на Законот за вино рокот за плаќањето е скратен и изнесува 3 наместо 6 месеци.

Две вински визби сеуште се должници на лозарите и доколку сакаат да бидат впишани во Регистарот на производители на вино и да продолжат да откупуваат грозје и оваа година ќе треба прво да го исплатат долгот и да платат парична казна на државата.

 

Методија Трајков