Седма школа за млади лидери во Охрид
На свеченото отворање се предвидени обраќања на македонскиот претседател Иванов, на поранешниот бугарски претседател Стојанов, на Исмаил Серагелдин, директор на Александриската библиотека.

Во Охрид, на иницијатива на претседателот Иванов, ќе се одржи седмата по ред Школа за млади лидери. Ќе присуствуваат 28 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, од Европската унија, САД, Австралија и од Египет.
На свеченото отворање се предвидени обраќања на македонскиот претседател Иванов, на поранешниот бугарски претседател Стојанов, на Исмаил Серагелдин, директор на Александриската библиотека.
На годинашната школа ќе присуствуваат 45 учесници. Целта е на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да им се овозмжи да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ги развиваат креативноста и менаџерските способности.
Во изминатите шест години на школата учествуваа 240 млади луѓе и над 140 предавачи.
