Почнуваат уписите на државните универзитети

15.08.2016 10:16

Најмногу слободни места, 10 илјади 535 има на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Денеска почнува пријавувањето за упис во прва година додипломски студии на три државни универзитети во Битола, Штип и во Охрид. Уписите во Тетово се утре, а на скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ в четврток и в петок.

Има 24 илјади 356 места, од кои 13 илјади 536 за редовни студенти во државна квота, 7 илјади 327 места со кофинансирање и 3 илјади 493 слободни за вонредни студенти.

Најмногу слободни места, 10 илјади 535 има на скопскиот универзитет  „Св. Кирил и Методиј“.

Надоместокот за редовните студенти е 200 евра, а за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра. На факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има уписен рок и на 15 септември, кога почнува новата академска година.