Августовски испитен рок за државна матура

15.08.2016 10:18

Во августовскиот испитен рок се пријавени 1.802 ученици.

Од денеска до четврток државна матура полагаат матурантите кои во јунската сесија не ја положиле. Во августовскиот испитен рок се пријавени 1.802 ученици.

Денеска се полага задолжителниот предмет мајчин јазик и литература, утре ќе се полага математика, в среда странски јазик, а в четврток е закажано полагањето по предметите физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

Испитите по сите предмети се реализираат на 11 локации низ државава.