Собранието донесе заклучоци за состојбата во поплавените подрачја

15.08.2016 10:21

Во заклучоците се бара владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза процена на штетите и ако е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки во надлежни институции.

Собранието синоќа со 58 гласа за и еден против донесе заклучоци за состојбата во поплавените подрачја во Скопско, што ги предложија Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.

За нив не гласаа пратениците од опозицијата. Претходно Собранието не ги прифати заклучоците што ги предложи СДСМ.

Во заклучоците се бара владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза процена на штетите и ако е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки во надлежни институции.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Сугарески, предложените заклучоци од парламентарното мнозинство се неприфатливи за опозицијата, зашто во нив не се вклучени нивните главни барања за исплата на итна помош на настраданите и за одговорност на надлежните за направените пропусти.