ЕВН Македонија: Санирани сите дефекти во најпогодените подрачја од поплавите
Замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга, велат од компанијата.

ЕВН Македонија соопшти дека се санирани сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион и како што информираа од компанијата, скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија.
Екипите остануваат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема.