Најмалку 15 жртви во бомбашки напад на Сириско- турската граница
15.08.2016 10:34
Како што се наведува во соопштението на центарот, автобусот превезувал борци за граѓанската војна во Сирија.

Најмалку 15 лица загинаа, а 25 се повредени во напад на бомбаш- самоубиец врз автобус во близина на Сириско- турската граница, соопшти сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Како што се наведува во соопштението на центарот, автобусот превезувал борци за граѓанската војна во Сирија.
Експлозијата се случила на влезот на бегалскиот камп „Атмех“.
