Спасени 13 илегални мигранти по силно невреме кај Лезбос
15.08.2016 10:54
Чамецот го забележал трговски брод, што ги алармирал властите. Крајбрежната стража го пронашла чамецот, но не можела да ги префрли патниците на полицискиот глисер поради силниот ветар.
Грчката крајбрежна стража успеа да спаси 13 илегални мигранти од чамец по силно невреме крај грчкиот остров Лезбос, во Егејско Море.
Чамецот го забележал трговски брод, што ги алармирал властите. Крајбрежната стража го пронашла чамецот, но не можела да ги префрли патниците на полицискиот глисер поради силниот ветар.
Медицинскиот преглед на патниците покажал дека сите мигранти биле во добра здравствена состојба.
