Хуманитарна акција на македонската заедница од Мисисага, Онтарио

15.08.2016 10:58

Во најава се и други донации кои ќе бидат испратени директно до Црвениот крст на Македонија...

Македонската заедница од Мисисага, Онтарио организира хуманитарна акција за настраданите во поплавите во Скопско при што се донирани 17.000 долари.

Како што информираат од црковната управа на „Свети Илија“ се изразува голема благодарност до сите дарители од македонската заедница во Канада.

Во најава се и други донации кои ќе бидат испратени директно до Црвениот крст на Македонија и се очекува бројката на собраните средства да се зголемува.