Унгарија донираше за настраданите во поплавите

15.08.2016 12:44

Уште четири камиони помош ќе пристигнат наскоро...

Унгарија донираше средства за дезинфекција, храна за бебиња и други неопходни средства за настраданите во поплавите. Уште четири камиони помош ќе пристигнат наскоро.

„Ова е прв дел од помошта кој доаѓа од Одборот за управување со несреќите во Унгарија, и содржи многубројна техничка опрема за ЦУК во земјава. Уште една донација ќе пристигне вечерва од унгарското Министерство за надворешни работи и од општината Бештеживед во Будимпешта, и оваа донација ќе биде испратена директно во општина Гази Баба, бидејќи имаме посебни релации со општината во Скопје. Содржи конзервирана храна, средства за дезинфекција, храна за бебиња, продукти кои се најпотребни за оние кои се сега најзагрозени“, изјави заменик- амбасадорот на Унгарија во Македонија Ѓула Шомоѓи.

Унгарија денеска донираше  материјално технички средства, вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки, маски и друго, информира директорот на ДЗС, Шабан Салиу

Досега помош донираа четири држави, а најавено е дека уште десетина ќе им помогнат на загрозените семејства.