ДИК

Досега пријавени над 5.000 граѓани со спорни записи

15.08.2016 12:49

Над 2.200 луѓе се пријавиле во подрачните одделенија и канцлеларии на комисијата, а околу 2.800 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

На четири дека до истекот на рокот, до Државната изборна комисија пристигнале 5.022 барања за регулирање на избирачкото право. Се работи за граѓани кои се наоѓаат на списокот со спорни записи,  каде фигурираат вкупно 39.502 граѓани.

Над 2.200 луѓе се пријавиле во подрачните одделенија и канцлеларии на комисијата, а околу 2.800 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Комисијата спроведува медиумска кампања за анимирање на овие лица, а на интернет – страницата има и објавено линк „Провери и пријави се“, за граѓаните да пристапат до списокот со спорни гласачи и ако се наоаѓаат на него, да поднесат електронско барање.

Рокот за пријавување истекува на 19-ти август, а овие луѓе ќе имаат уште една можност да се пријават за време на јавниот увид пред предвремените парламентартни избори.