Во Тирана уапсен македонски државјанин осомничен за тероризам

15.08.2016 12:51

Потерницата по 46 годишниот Гостиварец била распишана пред една година.

Во Тирана уапсен е македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во Исламска држава.

Потерницата по 46 годишниот Гостиварец била распишана пред една година.

Апсењето било реализирано врз основа на соработка меѓу тајните служби на Македонија и на Албанија, како и службите на западните земји.