Димитар Котевски добитник на државната награда „Мајка Тереза“
Котевски ја добива наградата за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Примариус д-р Димитар Котевски е добитник на годинашната државна награда „Мајка Тереза“.
Котевски ја добива наградата за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Министерството за култура денеска соопшти дека одлуката е донесена од страна на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“.
Наградата ќе биде врачена на 26-ти овој месец во 14 часот во Собранието на Република Македонија.
