Децата се плашат да пријават насилство

30.01.2014 13:38

Минатата година регистрирани 279 контакти преку СОС телефонот за деца и млади...

Минатата година  регистрирани 279 контакти преку СОС  телефонот за деца и млади, но и преку електронска порака, социјалните мрежи и преку директна посета на Меѓаши, со кои што комуницирале 969 пати. Најголемиот број од јавувачите биле од женски пол, а само 12 деца имале храброст да пријават насилство или прекршување на некое нивно право. Во 2013 година и двајца мажи пријавиле семејно насилство од нивните сопруги, без разлика дали се поранешни или сегашни.

Децата, кои се жртви на насилство, злоупотреба и злоставување, чувствуваат осаменост, страв и агресија, беше забелешката на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во врска со работата на СОС телефонот за деца и млади- 0800 1 2222.

Стравот, како што истакнаа од Меѓаши се должи  на непосветеноста на родителите за она што им се случува на нивните деца, непрепознавањето на сигналите кога нивното дете е жртва на насилство. Од таму велат дека многу често детето се враќа во семејството таму каде што го трпи насилството и повторно тоа се повторува.

Ана Јосифоска