Сѐ уште се трага по убиецот на имамот од Њујорк
15.08.2016 15:59
И покрај фотороботот кој вчера го објави полицијата, сѐ уште нема никаква трага од убиецот. Муслиманската заедница тврди дека станува збор за убиство од омраза.

Расте огорченоста кај жителите по убиството на локалниот имам и неговиот помошник во Њујорк. И покрај фотороботот кој вчера го објави полицијата, сѐ уште нема никаква трага од убиецот. Муслиманската заедница тврди дека станува збор за убиство од омраза.
Но, според првичните истраги, полицијата тврди дека не постојат индикации дека злосторството било починето заради верата.
Локалниот имам и неговиот помошник беа усмртени од зад грб кога ја напуштале џамијата по попладневната молитва.
