Јанева: Во СЈО ќе има зголемена фреквенција на лица за искази поврзани со постапките

15.08.2016 15:24

Таа вели дека во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на луѓе во ова јавно обвинителство, кои ќе се повикуваат за со нивните сознанија да помогнат за разјаснување на околностите за сите постапки што се отворени во овој период.

Специјалната јавна обивнителка Катица Јанева испрати соопштение до јавноста. Таа вели дека во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на луѓе во ова јавно обвинителство, кои ќе се повикуваат за со нивните сознанија да помогнат за разјаснување на околностите за сите постапки што се отворени во овој период.

„Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Поконкретни детали нема да се откриваат“, велат од СЈО.