Шумахер сепак го будат
Иако пред само 24 часа портпаролката на 7-кратниот светски првак во Формула 1...

Иако пред само 24 часа портпаролката на 7-кратниот светски првак во Формула 1, Сабине Кем ги отфрли како шпекулации информациите дека докторите полека ќе се обидат да го разбудат Михаел Шумахер од индуцираната кома, денеска таа побара да не се вознемирува семејството и лекарите, како и да се почитува медицинската тајна, што е протолкувано како потврда на информациите.
Фрнацуски Л Екип кој вчера прв ги објави вестите за започнатиот процес на будење, а денеска потврдува дека има сигурни информации од болницата и дека наводно Шумахер накратко ги отворил очите што според докторите е добар знак.
Ваквиот тек на настаните и беше за очекување откако неколку врвни медицински лица потенцираа дека што подолго пациентот се одржува во т.н. вештачка кома толку се намалуваат шансите за подобра рехабилитација.
