Бајден во посета на Белград и Приштина

16.08.2016 10:25

Аналитичарите во Белград оценуваат дека Бајден, кој е во заминување ќе го поддржи европскиот пат на Србија, додека во Приштина, велат дека станува збор за историски миг за Косово посветен на мирот и стабилноста во регионот.

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска ќе ги посети Белград и Приштина кадешто ќе разговора со српскиот и со косовскиот државен врв.

Аналитичарите во Белград оценуваат дека Бајден, кој е во заминување ќе го поддржи европскиот пат на Србија, додека во Приштина, велат дека станува збор за историски миг за Косово посветен на мирот и стабилноста во регионот.

Косовските власти одлучија улица во Приштина да го носи името Џозеф Бајден.