Полициски час во Милвоки

16.08.2016 10:47

Полицискиот час што стапи на сила вчера ќе трае до 31 август. Шефот на полицијата изјави дека ноќта минала мирно за разлика од викендот.

Полицијата во американскиот град Милвоки прогласи полициски час и побара од населението ограничувањата да се сфатат сериозно.

Полицискиот час што стапи на сила вчера ќе трае до 31 август. Шефот на полицијата изјави дека ноќта минала мирно за разлика од викендот.

Немирите избувнаа по убистовото на 23-годишен афроамериканец кој претходно повредил полицаец при рутинска проверка.