Отоврена истрага за случајот со измамени Македонци од САД за евтини авиобилети

16.08.2016 11:32

По поднесените кривични пријави од оштетени, во ова обвинителство се заведени два кривични предмата за овој случај, едниот против физичко и правно лице, вториот против две физички лица. Се сомничат за сторена измама.

Основното јавно обвинителство – Прилеп почна предистражна постапка за случајот со измамените Македонци од САД за евтини авиобилети.

По поднесените кривични пријави од оштетени, во ова обвинителство се заведени два кривични предмата за овој случај, едниот против физичко и правно лице, вториот против две физички лица. Се сомничат за сторена измама.

Поднесени се повеќе од 30 тужби против сопственичка на прилепска туристичка агенција, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети.