24 години од создавањето на АРМ

16.08.2016 11:42

Поради минатонеделното невреме во скопскиот регион и ангажманот на припадниците на армијата во санирањето на последиците од штетите, одлучено е да се одложат сите други пригодни свечености и коктели, но и обраќањето на началникот на генералштабот пред вработените во АРМ што секоја година се одржуваше ден пред 18-ти август, велат од одбраната и од армијата.

На 18-ти август се одбележуваат 24 години од создавањето на Армијата на Република Македонија. Според најавите, за улогата, ангажманот и за предизвиците со кои се соочува АРМ, на одбележувањето на денот ќе говорат претседателот и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот, генерал-потполковник Методија Величковски.

Поради минатонеделното невреме во скопскиот регион и ангажманот на припадниците на армијата во санирањето на последиците од штетите, одлучено е да се одложат сите други пригодни свечености и коктели, но и обраќањето на началникот на генералштабот пред вработените во АРМ што секоја година се одржуваше ден пред 18-ти август, велат од одбраната и од армијата.

Одбележувањето на 24-годишнината од создавањето, е можност да се потврди дека АРМ е синоним за одговорност, дисциплина и професионализам, која ужива голема доверба кај граѓаните и меѓународните партнери.