Уапсен осомничениот за убиството на имамот во Њујорк

16.08.2016 11:47

Апсењето се случило по прегледувањето на камерите за надзор на улицата на кои се гледа дека приведениот побегнал од местото, влегол во возило и заминал кон центарот на градот.

Њујоршката полиција го уапси 35-годишниот Оскар Морел и го осомничи за убиството на двете лица во Њујорк, меѓу кои и локалниот имам.

Апсењето се случило по прегледувањето на камерите за надзор на улицата на кои се гледа дека приведениот побегнал од местото, влегол во возило и заминал кон центарот на градот.

Имамот Маулама Аконџи и неговиот близок пријател и соработник беа убиени од зад грб на њујоршките улици.