Мексико: Напаѓачи киднапираа луѓе во ресторан во Пуерто Ваљарта

16.08.2016 11:51

Нема официјални информации за бројот на киднапирани, но локалните медиуми јавуваат за 16 луѓе. Според извештајот на полицијата, тие седеле во ресторанот кога вооружените мажи со две комбиња паркирале пред местото и ги киднапирале. Властите тврдат дека ситуацијата е под контрола...

Вооружена група киднапираше туристи во ресторан во срцето на пацифичкиот туристички центар Пуерто Ваљарта, Мексико- соопштија од кабинетот на државниот обвинител. Нема официјални информации за бројот на киднапирани, но локалните медиуми јавуваат за 16 луѓе. Според извештајот на полицијата, тие седеле во ресторанот кога вооружените мажи со две комбиња паркирале пред местото и ги киднапирале. Властите тврдат дека ситуацијата е под контрола.

„Истражителите ги гледаат снимките и продолжуваат со истрагата за ди ги пронајдат виновниците. Се координираме со федералната влада со локалната самоуправа. Ова навистина не можеме да го толерираме. Работиме и на копно и на воздух. Сакам да им порачам на жителите на Пуерто Ваљарта дека ситуацијата е под контрола и тие можат да одат на работа, да ги праваат вообичаените активности без проблем“, изјави Хорхе Аристотелес, гувернер на Халиско.

На пацифичкото крајбрежје најчесто летуваат туристи од Северна Америка. Пуерто Ваљарта се смета за едно од најекслузивните летувалишта, но истовремено е и седиште на картелот Халсико, една од најмоќните нарко-банди во земјата.

Советник во Стејт Департмент во април предупреди на опасноста за патување во одредени делови од Мексико, поради зголемента стапка на насилни и криминални дела. Националната опсерваторија објави дека во февруари стапката на киднапирања се зголемила за 14 насто, грабежите за 12, а Пуерто Ваљарта беше рангирана на петтиот-највисок степен според стапката на убиства во земјата.

 

Бојана Крстевски