Донирани околу 600 илјади евра за настраданите во поплавите

16.08.2016 11:56

Од Црвениот крст соопштуваат дека акцијата за собирање на средствата ќе трае 15 дена од денот на отворањето на сметките на 7-ми август, а можно е и да продолжи во зависнот од интересот на граѓаните и на правните субјекти.

Досега на жиро- сметката на фондот за солидарност на Црвениот Крст се уплатени над 23 милиони денари или околу 380 илјади евра. Од повиците преку мобилните оператори се собрани околу 210 илјади евра, така што вкупниот солидарен фонд е околу 600 илјади евра.

Од Црвениот Крст соопштуваат дека акцијата за собирање на средствата ќе трае 15 дена од денот на отворањето на сметките на 7-ми август, а можно е и да продолжи во зависнот од интересот на граѓаните и на правните субјекти.

По завршувањето на акцијата средствата ќе бидат префрлени на сметките на жителите согласно процената на овластените комисии велат во Црвениот Крст.