Прва средба на ад-хок телото во Агенцијата за aудио и aудиовизуелни услуги
16.08.2016 12:00
Како што потврди за МТВ, претседателот на Агенцијата Зоран Трајчевски, ќе бидат врачени решенијата...

Денеска во Агенцијата за аудио визуелни услуги прва средба на членовите на ад-хок телото за регулација на медиумите.
Како што потврди за МТВ, претседателот на Агенцијата Зоран Трајчевски, ќе бидат врачени решенијата на Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и на Љубомир Костовски и Горан Трпеноски- предлози на СДСМ, кои потоа треба да го изберат 5-тиот член на комисијата кој според договорот треба да биде Албанец.
