19-ти август краен рок за пријавување спорни гласачи во ДИК

16.08.2016 12:04

Најмногу пријавени граѓани имало во Чаир, потоа во Сарај, Тетово и во Куманово.

19-ти август е крајниот рок за пријавување на спорните гласачи во Државната изборна комисија. досега се пријавиле над 5 илјади граѓани со право на глас, од нив 2 илјади и 236  се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, а другите преку интернет страницата на комисијата.

Најмногу пријавени граѓани имало во Чаир, потоа во Сарај, Тетово и во Куманово.

Пријавувањето се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи.

Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.