Македонија и Косово ќе ја подобруваат трговската размена

16.08.2016 15:20

Министрите од двете земји на средба во Скопје се заложија за надминување на сите преостанати бариери за олеснет проток на стоките, како и за изградба на царински терминал. Засега, главна пречка според бизнисмените е лошата инфраструктура...

Изградбата на автопатот Скопје-Приштина и подобрување на патната инфраструктура ќе помогне во зголемување на трговската соработка меѓу Косово и Македонија, велат министрите за економија и трговија на Македонија и Косово.

Според Хикмете Бајрами, Кососво развива стратегија која треба да помогне и да се привлечат странски инвестиции.

Вкупната трговска размена меѓу двете земји се реализира на слободен бесцарински систем, поради сто процентната либерализација на трговијата.

Бизнисмените очекуваат заеднички да настапат на компаниите на трети пазари.

Лани над еден милион граѓани од Косово ја посетиле земјава. Според податоците косовските граѓани само за здравствен туризам оставаат во земјава годишно од 20 до 30 милиони евра.

 

Дијана Ценевска